Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
71 процент од македонското население поддршува пристапување кон ЕУ, што е за 10 проценти повеќе во споредба со 2024-та, покажува Истражувањето на Институтот за демократија. Но отпорот за менување на Уставот останува најголем - веќе три години поддршката за уставните измени останува на 24 отсто каде се регистрира и најголемиот јаз помеѓу етничките Македонци и етничките Албанци. Една четвртина од испитаниците, сметаат дека Македонија треба да работи на менување на преговарачката рамка. Сепак, за граѓаните приоритет е заштитата на животната средина, што се поклопува и со областите во реформската агенда.
За власта и покрај ваквите резултати загрижува фрустрацијата кај македонскиот народ од менувањето на условите за полноправно членство, а во таа насока и податокот дека само 11 проценти од етничките македонци поддржуваат менување на Уставот, наместо 57% поддршка од етничките албанци.
Опозицијата критикува дека владата ја носи државата во изолација, не остварува контакти со европските лидери, а декларативно работи на реформите.
Зголемувањето на поддршката за членство во Еу за делегацијата во земјава е поттик за движење напред. Евроамбасадорот Рокас повика на национално обединување на сите чинители за да се завршат обврските.
Се зголемил и бројот на граѓаните што веруваат дека државата ќе стане членка на ЕУ во наредните 3-5 години, односно 30 проценти, а 19% останува песимисти за членство во ЕУ. Јавното мислење покажало дека ЕУ континуирано се гледа како најдоверлив партнер на Македонија
Истражувањето на јавното мислење е спроведено во периодот од 22 октомври до 5 ноември 2025 година, на примерок од 1.003 испитаници.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
