Над 70% раст на позитивни случаи за една недела
За 70 проценти е зголемен бројот на заразени со корона за една недела. Регистрирани се 5.800 нови позитивни случаи. Најмногу, речиси половина се од Скопје. Според извештајот од ИЈЗ од 26 октомври до 1 ноември во Македонија од компликации од Ковид-19 починале 88 лица, што е за 5 проценти повеќе од претходната седмица.
Истиот период биле направени и 17.000 тестови, за 23 проценти повеќе од претходната недела, но повторно повеќето се изработени во приватните лаборатории.
Освен во болниците и клиниките од министерството за здравство информираа дека брзи тестови за детекција на коронавирус ќе има и во Здравствен дом Скопје. И оваа установа ќе добие дел од донацијата од 13.000 тестови. Ќе се закажуваат преку Мој термин од страна на матичните, а на сите кои вчера платиле 1000 денари ќе им бидат вратени парите. Освен во поликлиниката во Ѓорче каде дневно се тестираат 50-тина граѓани пункт ќе се отвори и на Бит Пазар.
-Планираме отворање на пункт и во поликлиниката Бит Пазар, изјави д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје.
Матични лекари советуваат тестирањето да не се прави веднаш по контактот со заразен.
-Тестирањето да не биде во првите 48 часа по контактот, зошто тестот може да излезе лажно негативен, изјави д-р Кирил Солески, специјалист по семејна медицина.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
