Над 900 сомнителни случаи на ебола регистрирани во ДР Конго

Властите во Демократска Република Конго соопштија дека бројот на случаи на сомнителна зараза со ебола во земјата надминал 900, пренесува ДПА.
Од почетокот на епидемијата во ДР Конго се регистрирани 904 сомнителни случаи на зараза, од кои 101 се потврдени, соопшти Министерството за комуникации во објава на Икс.
Властите го ревидираа бројот на сомнителни смртни случаи на 119, што е помалку од претходно објавените 204, додека бројот на лабораториски потврдени смртни случаи останува десет.
Епидемијата на ебола продолжува да се шири во провинциите Итури, Северен Киву и Јужен Киву, соопшти министерството.
„Со засилувањето на надзорот во рамки на борбата против ебола во ДР Конго, досега се идентификувани повеќе од 900 сомнителни случаи, од кои 101 се потврдени“, напиша генералниот директор на Светска здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус на Икс, без да го наведе бројот на смртни случаи.
Во соседна Уганда се регистрирани пет потврдени случаи поврзани со епидемијата во источниот дел на ДР Конго. Уганда не објавува податоци за сомнителните случаи.
СЗО проценува дека вистинскиот број на случаи е значително поголем, бидејќи ширењето на еболата во источниот дел на ДР Конго останало незабележано со недели, а не сите случаи биле пријавени. Во меѓувреме биле истражувани и неколку необјаснети смртни случаи.
Еболата е заразна и животозагрозувачка инфективна болест. Сегашната епидемија е особено тешка за ставање под контрола бидејќи не постои ниту вакцина ниту специфичен третман за реткиот сој „Бундибугио“, кој е причина за сегашната епидемија.
Во ДР Конго во моментов само неколку лаборатории вршат тестирања за вирусот, а жариштето на заразата се наоѓа во оддалечен и тешко достапен регион погоден од дејствување на вооружени групи.
СЗО смета дека ризикот од заразување е многу висок во ДР Конго, висок на регионално ниво, но низок на глобално ниво. Според организацијата, еболата однела повеќе од 15.000 животи во Африка во последните 50 години, а стапката на смртност варира меѓу 25 и 90 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
