Над милијарда евра вратени по истраги за злоупотреба во инвестициски фондови во Турција

Околу 40,4 милијарди турски лири (1,03 милијарди евра) се вратени од 75 лица во Турција како дел од истрагите за злоупотреби во работењето со инвестициски фондови на пазарите на капитал, јавија турски медиуми.
Повикувајќи се на изјава на министерот за правда Акин Гурлек, медиумите наведуваат дека истрагите што ги води обвинителството во Истанбул продолжуваат да се прошируваат врз основа на откриени нови докази.
Според министерот, вкупно 498 осомничени лица се моментално под истрага.
Од нив, 129 лица се во притвор, додека 289 се под судска контрола.
Потрагата по 54 осомничени со налози за апсење е во тек, а за уште 22 притворени лица се во тек процедурални и истражни дејствија.
За да се спречи прикривање на средства наводно стекнати преку криминални активности, се изречени заплени и конфискации на имотот на 417 физички лица и 149 правни лица.
Гурлек прецизираше дека износот од над милијарда евра е собран преку доброволно враќање и конфискација, но нагласи дека доброволното враќање на средствата само по себе не ослободува од кривична и правна одговорност.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за охриѓанецот
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид
-

Мерки на претпазливост за охриѓанецот кој ја претепал Сара до бесвест – мајката тврди дека мислел оти е мртва и сакал да се ослободи од телото
-

Остри партиски реакции по насилството во Охрид
-

Хаџи Василева го презеде Обвинителството, најавува промени и отпор на притисоците
-

Алта банка оди на продажба
-

Филипче: Во буџетот нема пари за повисоки плати, државата должи 713 милиони евра, а милијарди троши за камати
-

Во Собранието денеска продолжи комисиската расправа за Буџетот за 2027 година
