Надал го пропушта Ролан Гарос и најави повлекување од тенисот во 2024

Освојувачот на рекордни 22 грен – слем титули, од кои 14 на Ролан Гарос, Шпанецот Рафаел Надал, ги потврди вчерашните медиумски наводи дека нема да настапи на претстојниот турнир во Париз и притоа најави можно збогување со тенисот во 2024 година.
Надал нема настап од крајот на јануари кога го повреди мускулот на колкот на левата нога во дуелот против Американецот Мекензи Мекдоналд во второто коло на Австралија опен.
„Закрепнувањето од повредата не течеше како што очекував, не успеав да остварам многу цели и стана невозможно да играм на Ролан Гарос“, рече Надал на прес – конференција попладнево во својата Тениска академија во Мајорка.
Надал со 14 титули е рекордер на Ролан Гарос на кој прв пат нема да настапи од своето деби во 2005 година. На грен – слем турнирот во Париз, шпанскиот тенисер има ефект од 112 победи и само три порази.
Надал не прецизираше кога би можел да се врати на теренот, најавувајќи дека, најверојатно, 2024 ќе биде последна година во неговата професионална кариера.
„Морам да направам пауза за извесен период. Не знам кога ќе се вратам на тренинзите. Мојата цел е сега да престанам и да си овозможам себеси да уживам во следната година која веројатно ќе биде последна во мојата професионална кариера. Тоа е идејата, но не е 100 отсто сигурно дека така и ќе биде“, изјави Надал.
Ново на Сител
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
-

АСОМ ќе го оспори Законот за игри на среќа пред уставниот суд
-

Ќе има ли поевтина храна: Владата на разговори и со производителите и добавувачите
