-->
-->
Најлудиот телефон до сега кој воошто нема ивици - сегде е екран го направи Ксиаоми!
-->
Кинеската компанија Ксиаоми го претстави новиот паметен телефон чиј екран воопшто нема ивици, се простира на целата предна страна. Се работи за телефон под име Ксиаоми Ми Микс.Позадината на куќиштето и физичките тастери направени се од керамика, а овој паметен телефон доаѓа со екран од 6,4 инчи.
Звучниците и сензорите на предната страна користат нова технологија која овозможува нивно функционирање и преку екранот кој се простира на целата предна страна. Предната камера префрлена е на долната страна на телефонот, но тој може да се ротира се со цел корисниците да можат да направат нормлано селфи.
Ксиамо Ми Микс има најнов Снепдрагон 821 процесор, 4 ГБ РАМ меморија и 128 ГБ меморија за чување на податоци. Тука е и подршката за две сим картички, како и камерата од 16 мегапиксели.
Батеријата има капацитет од 4.000 МАХ.
Покрај основниот модел Ксиамо подготви и верзија со 6 ГБ рам и 256 ГБ меморија за податоци.
Ксиамо Ми Микс ќе може да се купи од 4-ти ноември а ќе чини 516 долари. Нажалост ќе биде достапен само на кинески пазар и не е познато дали ќе се појави во другите земји од светот.
Погледнете го видеото:
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
