Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во болница во Пакистан

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во акушерско одделение во главниот град на Пакистан, Исламабад, соопштија локалните спасувачки служби за ДПА.
Пожарот веројатно бил предизвикан од дефект на уред за климатизација во раните утрински часови, соопштија официјални лица.
Само едно од новороденчињата во одделението било спасено, наведуваат тие. Пожарот во меѓувреме е ставен под контрола.
Акушерското одделение е дел од Гинеколошкиот оддел при Пакистанскиот институт за медицински науки, државна болница. Најмалку 16 новороденчиња се наоѓале во одделот за бебиња кога избувнал пожарот.
Телевизиски снимки на „Гео њуз“ (Geo News) прикажуваат густ чад и пожарникари кои интервенираат на местото на настанот. Телевизијата објави дека ќе биде покрената истрага за дополнителните причини за пожарот.
Државните болници во Пакистан не се популарни поради пониските стандарди, па оние кои можат да си дозволат избираат приватни клиники за подобра нега. Лабавите безбедносни стандарди повеќепати доведувале до трагедии во Пакистан.
МИА
Ново на Сител
-

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември
-

Одбележување на Светската недела на вселената
-

Заврши уште едно успешно издание на ендуро трката во Делчево со рекорден број учесници и публика
-

Седници ќе одржат собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната
-

Србија/Избори 2026 - Измина рокот за доставување изборни листи
-

Жесус: Роналдo кoгa сaкa можe дa ce врaти вo репрезентацијатa
-

Сензација во АБА лигата – ФМП ја победи Црвена Звезда
-

Стартни победи за Пелистер, Кожув и Работнички
