Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча

Најмалку 27 луѓе загинаа, а 42 се повредени при рускиот напад врз округот Буча во Киевската област, изјави шефот на регионалната воена управа Тимур Ткаченко.
Меѓу повредените четири се деца, а оштетени се околу 50 куќи. Спасувачите евакуирале 381 луѓе.
Нападот се случил синоќа околу 20 часот, кога руски дрон погодил едно складиште, при што избил пожар, а потоа уследила детонација на складираните материјали. Огнот се проширил и на околните станбени згради.
Украинското државно обвинителство почна истрага не само за рускиот напад, туку и за евентуална небрежност поврзана со складирањето на експлозивни предмети и материјали. Истражителите ќе проверат дали експлозивните материјали биле законски поставени и складирани во просториите на компанијата, дали ги имале потребните дозволи и кој од службените лица донел одлуки за нивното складирање.
Премиерот на Украина, Сергеј Коретски инцидентот го оцени како „кривична небрежност“ и побара строга казна за одговорните.
Украина тврди дека Русија синоќа лансирала 267 дронови од кои 233 биле пресретнати од украинската противвоздушна одбрана.
Претходно, Русија соопшти дека синоќешните украински напади врз повеќе руски области загинаа најмалку четири луѓе, а 19 се повредени.
Ново на Сител
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
