Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија

Големиот земјотрес што ја погоди префектурата Кумамото во јужна Јапонија предизвика уривање на голем број објекти, предизвика пожари, а најмалку 50 луѓе побарале лекарска помош, јави јапонската телевизија НХК.
По земјотресот во трговски центар во Кумамото се слушна експлозија, се претпоставува дека има повеќе жртви. Повеќе луѓе се заглавени во трговскиот центар, а сè уште е непозната причината за експлозијата.
На снимките на НХК се гледаат оштетени мостови, товарен воз излетан од шини и испукани патишта на остров Кјушу и најмалку 12 урнати куќи.
Регионалната електроенергетска компанија „Кјушу Електрик Пауер“ соопшти дека не открила никакви неправилности во работењето на нуклеарните централи Сендај и Генкај, но земјотресот предизвикал прекин во електроснабдувањето поради што околу 45.000 домаќинства се без струја.
Премиерката на Јапонија, Санае Такаичи потврди дека земјотресот предизвикал голема материјална штета, што дополнително ќе се проценува.
Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во префектурата Кумамото, а по земјотресот беше издадено предупредување за цунами, што подоцна е суспендирано.
Владата на Јапонија издаде итни предупредувања за земјотрес во префектурите Кумамото, Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки. Сите префектури се наоѓаат на јужниот јапонски остров Кјушу.
Префектурата Кумамото во 2016 година беше погодена од два земјотреса со интензитет од 6,5 степени, а два дена подоцна уследи земјотрес со магнитуда од 7,3 степени. Во двата земјотреса загинаа 273 лица, а беа повредени над 2.800 луѓе.
На 25 јуни во северна Јапонија беше регистриран земјотрес со интензитет од 7,2 степени, но немаше жртви и големи штети.
На 11 март 2011 година јапонската префектура Фукушима беше погодена од огромен подводен земјотрес со интензитет од девет степени според Рихтеровата скала, што предизвика разорно цунами. Околу 18.500 луѓе загинаа или исчезнаа во земјотресот и цунамито, а нуклеарната централа Фукушима беше исто така сериозно оштетена.
Јапонија, која е лоцирана во така наречениот Тихоокеански огнен прстен, е една од сеизмички најактивните земји во светот, каде земјотреси просечно се случуваат на неколку минути односно околу 18 проценти од сите земјотреси во светот.
Ново на Сител
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
-

Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
-

СДСМ бара кривична одговорност за труењето на граѓаните со загадена вода
-

Од почетокот на енергетската криза бензините поскапеа за 18.5, а дизелот за 27.5 денари
-

Мицкоски за истрагата за унгарскиот заем од Маѓар: Коментарите се дека кредитот бил многу поволен за нас
