Најмалку 555 мртви во Иран по израелско-американските напади

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека најмалку 555 лица се убиени како резултат на заедничките израелско-американски напади, објави денеска агенцијата „Фарс“.
Хуманитарната организација соопшти дека повеќе од 100.000 спасувачи се распоредени во целата земја и дека над 130 региони се погодени од војната.
Израел и САД наведоа дека од саботата погодиле стотици цели во Иран вклучувајќи места за лансирање ракети, објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран, воени штабови и високи членови на политичкото раководство.
Главниот град Техеран вчера повторно беше силно бомбардиран, а иранскиот врховен лидер Али Хамнеи во саботата беше убиен во првиот бран напади.
Израел и САД велат дека офанзивата има цел да се спротивстави на заканата што ја претставуваат ракетните капацитети и нуклеарните програми на Иран, како и да им се овозможи на Иранците можност да ја соборат својата влада.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
