Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

Најмалку две лица се повредени при експлозија во фабрика за пиротехнички материјал во Малта, соопштија локалните медиуми.
Двајца мажи на возраст од 67 и 47 години биле пренесени во болница по експлозијата, што се случила изутринава околу 6:30 часот по локално време.
Според извештаите, од силината на детонацијата се треселе околните згради, а жителите пријавиле и скршени прозорци.
Очевидци наведуваат дека експлозијата се слушнала на голема оддалеченост. Двајцата повредени, жители на заливот Сент Полс Беј, во моментот на експлозијата биле во близина на фабриката.
Полицијата соопшти дека во моментот на експлозијата во објектот немало ниту еден од вработените во фабриката.
На терен се распоредени полициски и екипи на службите за цивилна заштита и итна медицинска помош, како и припадници на вооружените сили, кои го обезбедуваат местото. Упатен е повик до граѓаните да не се приближуваат до зоната.
МИА
Ново на Сител
-

„Алта банка“ оди на продажба: Народната банка бара нов сопственик за 95 отсто од акциите
-

„Тешко е да се биде оптимист“ - Гутереш не гледа скор крај на војната во Украина
-

Искра Хаџи Василева денеска ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК
-

„Разговори за иднината во 12:05“: Нема амнестија за корумпираните политичари, незаконскиот имот мора да се одземе
-

Смртоносен пожар на туристичкиот остров Пукет, 11 загинати и 16 повредени | ВИДЕО
-

Експлозии во Ормуската Теснина: Два танкери налетале на мини, уште шест се запалиле
-

Дронови погодија три брода во Црното Море, Романија подготвува борбени авиони
-

Променливо облачно време со дожд попладне, температури до 16 степени
