Свет
24. November 2026 - 8:23

Најмалку две лица загинаа, а 22 се повредени во руските напади врз Запорожје

Две лица загинаа, а 22 се повредени, меѓу кои и две деца, во синоќешниот руски напад врз украинскиот град Запорожје, објави на Телеграм еден од раководителите на Регионалниот совет за одбрана на Запорожје, Иван Федоров.

Тој објави и фотографии на кои се гледа оштетена станбена зграда.

Претходно, регионалниот гувернер Михајло Семикин изјави дека е можно луѓе да се заробени под урнатините по рускиот напад, во кој се оштетени станови, приватни куќи, транспортна инфраструктура и возила.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека цел на нападите биле центри за управување со беспилотни летала, сателитските терминали „Старлинк“ и други воени цели во регионот Суми, при што загинал и еден припадник на армијата.

MИА