Најмалку едно лице ја преживеа авионската несреќа во Индија
Извршниот директор на „Ер Индија“, Кембал Вилсон изјави дека има преживеани патници од денешната авионска несреќа.
– Повредените патници се хоспитализирани во локалните болници. Засега нема точни податоци колку патници преживеале, објави Вилсон на Икс.
И началникот на полицијата во Ахмедабад, Гјанандер Синг Малик изјави дека има преживеани и оти спасувачките служби го пребаруваат теренот.
Британскиот државјанин со индиско потекло Вишваш Кумар Рамеш ја преживеа авионската несреќа. Тој за индиските медиуми изјави дека проблемите почнале 30 секунди по полетувањето.
– Кога станав, телата беа насекаде околу мене. Се исплашив. Станав и истрчав. Делови од авионот беа насекаде околу мене. Некој ме зграпчи, ме стави во амбулантно возило и ме однесе во болница, наведе Рамеш.
Тој за Лондон патувал со својот брат Аџај, кој најверојатно не ја преживеал несреќата.
Авионот Боинг 787-8 на „Ер Индија“ кој полета од Ахмедабад за Лондон, се урна врз објект на Медицинскиот колеџ и Цивилната болница во Ахмедабад. Најмалку пет студенти по медицина загинаа откако авионот се урна студентскиот дом на Медицинскиот колеџ.
Федерацијата на сите индиски медицински здруженија (ФАИМА) соопшти дека од 50 до 60 студенти по медицина се хоспитализирани по авионската несреќа.
Федерацијата соопшти дека пет студенти се водат како исчезнати, а најмалку двајца се на одделението за интензивна нега. Исчезнати се и некои членови на семејството на лекарите. Според ФАИМА, повеќето од патниците во авионот биле пренесени во болница без знаци на живот.
Првично беше соопштено дека во авионот имало 232 патници и 12 члена на екипажот, за подоцна индиските медиуми да јават дека за Лондон патувале 230 лица.
Досега е потврдено дека при падот на авионот загинале 133 луѓе.
Ново на Сител
-
Клиниката за хируршки болести доби донација од специјални колички - Најавена донација за Ургентен центар
-
АХВ уништи 56 тони небезбедна храна годинава
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље