Најмалку пет загинати во израелски напади врз Либан, тројца од нив припадници на спасувачките служби

Најмалку пет лица, меѓу кои и тројца спасувачи, загинаа при два последователни израелски воздушни напади врз зграда во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.
Портпарол на либанската цивилна заштита изјави дека спасувачите пристигнале на местото по првиот напад за да им помогнат на повредените, но биле затрупани под урнатините по вториот удар во градот Маџал Зун, при што подоцна било потврдено дека загинале.
Либанската армија претходно соопшти дека двајца војници биле повредени во вториот напад.
Либанскиот премиер Науаф Салам ги оцени нападите како „ново и отворено воено злосторство извршено од Израел“.
Израелската армија засега не одговорила на барањата за коментар.
Канцеларијата на Обединети нации за човекови права минатиот месец соопшти дека израелските воздушни напади врз цивили, вклучително и медицински работници во Либан, би можеле да претставуваат воени злосторства.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
