Најмасовен украински напад врз Москва и Московската област во последните две години

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн трговија, во близина на Москва, при што избувнал пожар, соопшти гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов.
Воробјов наведе дека дронови оштетиле и други објекти, меѓу кои куќи, станбени згради, продавници и електроцентрали. Според досегашните информации, најмалку три лица се повредени.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека нападот врз Москва и околината бил најмасовен во последните две години. Според него, од синоќа до пет часот утринава по локално време украинските сили насочиле 620 дронови кон Москва и Московската област, од кои 180 биле уништени.
На местата каде што паднале остатоци од дроновите се активни екипи на службите за итни случаи, наведе Собјанин.
МИА
Ново на Сител
-

Претседателски избори во Бугарија, 6,59 милиони граѓани со право на глас, фаворити Јотова и Ѓуров
-

И во Македонија денеска се гласаше за изборите во Србија и Бугарија
-

Цените на горивата со нов рекорд - по какви цени ќе се точи од утре?
-

СДСМ: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница
-

Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
