Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Гевгелија - 36 литри на метар квадратен, а најмалку еден литар во Охрид.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Струмица наврнале 34 литри на метар квадратен, 25 во Радовиш, 16 во Штип, Демир Капија и Виница, 15 во Берово, 12 во Крива Паланка, 11 во Кавадарци, 9 во Крушево, осум во Велес и Куманово, седум во Скопје, кај Петровец, шест во Прилеп, пет во Тополчани, четири во Скопје, кај Зајчев Рид, Тетово, Претор, Битола и Пожаране и три во Mаврови Анови.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои од повисоките места во североисточните делови врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
МИА
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
