Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка

Во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, најмногу врнежи се регистрирани во Кавадарци, каде наврнале 15 литри на метар квадратен.
Во Виница се измерени 13, во Берово 12, а во Крива Паланка и Демир Капија по 10 литри на метар квадратен.
По 9 литри на метар квадратен се регистрирани во Штип, Попова Шапка и Велес, 8 во Битола, 6 во Претор, а по 5 во Скопје-Зајчев Рид и Прилеп.
Во Гевгелија, Тетово и Крушево наврнале по 4 литри, во Лазарополе 3, а во Охрид 2 литри на метар квадратен.
Најниска утринска температура од 0 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка.
Во Маврови Анови се измерен еден степен, во Лазарополе и Крушево два, а во Берово и Охрид пет степени.
Температура од 6 степени е регистрирана во Прилеп, Крива Паланка, Тетово, Претор и Виница, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Штип, 8 во Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци, Демир Капија и Велес, додека најтопло утрово било во Гевгелија со 10 степени.
Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време, со слаб до умерен северен ветер и максимална температура до 12 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

МВР: Првата пријава за насилство од 17-годишната девојка од Богданци била на 30 септември
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

Брисел: Правосудството со слабости, корупцијата тапка во место
-

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел
-

Турканици, нервози и расправии пред Алта банка во Битола – по 20.000 денари од шалтер подигнуваа тие кои добиле порака
