Најмногу дожд во Крива Паланка, најстудено на Попова Шапка

Најмногу дожд два литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Крива Паланка, а еден во Струмица. Најниска темература од 2 степени Целзиусови утрво во 8:00 часот е измерена на Попова Шапка, 3 во Mаврови Анови и Лазарополе, 7 во Kрушево, 8 во Крива Паланка и Тетово, 9 во Берово, 10 во Охрид, 11 во Претор, Битола, Прилеп, Виница и Струмица, 12 во Штип, Демир Капија и Кавадарци, а најтопло со 14 степени беше во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Гевгелија.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните услови краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
