Најстудено и утрово во Берово, 24 сантиметри снег на Попова Шапка

И денеска најниска утринска температура е измерена во Берово. Како што информираат од УХМР, -5 степени Целзиусови се евидентирани во Берово, -4 во Струмица, Битола, -3 Скопје - Петровец, Демир Капија, Тетово, -2 во Прилеп, Велес, -1 во Скопје - Зајчев Рид, Штип, Претор, Попова Шапка, Кавадарци, Маврови Анови, 0 - Дојран, Крива Паланка, Куманово, Крушево, 1 - Гевгелија, Охрид, 2 - Виница, 4 - Ѓуриште.
До седум часот утрово, висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесувала 24 сантиметри, 9 во Крушево, Маврови Анови.
Според синоптичарите, времето во текот на денов ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Максималната температура се очекува да биде во интервал од 6 до 13 степени Целзиусови.
Во Скопје, исто така, се очекува времето да биде променливо облачно и тивко, ќе има услови за појава на магла. Максималната температура според најавите ќе достигне до 9 степени Целзиусови.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
