Најстудено на Попова Шапка

Утрово е најстудено на Попова Шапка, -2 степена, а максимални 8 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци и Гевгелија.
Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени и 0 степени во Берово, 1 во Kрушево, Mаврови Анови и Лазарополе, 3 во Крива Паланка и Претор, 4 во Охрид и Виница, 5 во Штип, 6 во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп и Струмица, како и 7 степени во Тетово, Куманово и Демир Капија.
Најмногу врнежи изминатите 24 часа, до 8 часот утрово, имало во Крива Паланка, 4 литри на метар квадратен, 3 во Пожаране, 2 во Крушево и Маврови Анови, како и 1 литар на единица површина во Охрид, Претор и на Попова Шапка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во западните делови ќе има повремен локален дожд со слаб интензитет. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
МИА
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
