Најстудено утрово во Струмица, најтопло во Демир Капија

Најстудено утрово е во Струмица, а најтопло во Демир Капија, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 8:30 часот.
Во Струмица денеска биле евидентирани 6 Целзиусови степени, 7 во Берово, Штип, 8 - Попова Шапка, Крива Паланка, Тетово, 9 - Скопје-Петровец, Кавадарци, Виница, 10 - Крушево, Битола, Велес, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 12 - Лазарополе, Охрид, 13 - Претор, Прилеп, Гевгелија, а 14 Целзиусови степени во Демир Капија.
Според синоптичарите, времето во текот на денов ќе биде променливо облачно. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје, исто така, се очекува претежно облачно време, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 Целзиусови степени.
МИА
Ново на Сител
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
-

Преглед на вестите од светот
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
