-->
-->
Најстудено во Берово и Виница
-->

Најниска температура од -4 степени утрово е измерена во Берово и во Виница.
Како што соопшти УХМР, минусни температури утрово има и во Крива Паланка (-3), -1 степен во Прилеп, Струмица, Тетово и Mаврови Анови.
Нула степени се измерени во Штип и Кавадарци, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија и Велес, 2 степена во Охрид, Kрушево и Гевгелија, 3 степени во Претор.
Според прогнозата на УХМР, денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне 5 степени.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во Кочани прашуваат зошто нема анализи за присуство на цијанид во крвта кај жртвите?
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Ѓорѓиевски: По наследеното катастрофално финансиско наследство, Скопје денес чекори кон стабилизација
-

Советот на Општина Центар едногласно го усвои буџетот за 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

Миса во Католичката црква во Скопје за Божиќ
-

Тема нa денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-

Уставен ќе ги испитува коефициентите за плати на судиите и обвинителите
