Најстудено во Крушево и Маврови Анови, дневната температура до 15 степени

Најниска температура утрово е измерена во Крушево и Маврови Анови, -1, по што следуваат Охрид и Куманово, 0, Претор,1, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Крива Паланка, 2, Прилеп и Берово, 4, Тетово, Битола, Штип, Виница, Велес и Гевгелија, 5, Кавадарци,6, Демир Капија и Струмица со 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Како што најави УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа со зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Спиропали: Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во Европската Унија, затоа што делиме заедничка иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ местеле тендери
-

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра
-

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
-

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Чекања и до три часа на европските аеродроми поради новиот систем за влез и излез од ЕУ
-

Лишен од слобода скопјанец, пронајден кокаин
