Најсвежо утрово на Попова Шапка

Најниска температура од 2 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Следат со 4 степени Маврови Анови, Крушево и Претор, 5 во Охрид, 6 Струмица, Виница, Демир Капија, Штип, 7 Берово, 8 Куманово, Прилеп, 9 Тетово, Битола, 10 Скопје-Петровец, Велес, Крива Паланка, 11 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и 12 Гевгелија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
