Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка

Најтопло утрово е во Демир Капија и Претор, а најстудено во Берово и на Попова Шапка, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
До 8:30 часот, најниска температура, 5 Целзиусови степени, е регистрирана во Берово, Попова Шапка, 6 во Крива Паланка, Битола, Виница и Лазарополе, 7 во Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Кавадарци и Струмица, 8 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Крушево и Охрид, 9 во Гевгелија и Маврови Анови, 12 во Претор и Демир Капија.
Изминатите 24 часа до 7 часот денеска, најмногу наврнало во Лазарополе, шест литри на квадратен метар. Потоа на Попова Шапка, два литра на квадратен метар, додека во Охрид, еден литар на квадратен метар.
Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Претежно во западните и северните делови ќе има повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје, најавено е променливо облачно време со појава на утринска слаба магла. Во делови од котлината ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 15 Целзиусови степени.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
-

Обвинетиот за палење на бугарските возила пресудата ќе ја слушне во среда
