Најтопло утрово во Демир Капија, најстудено на Попова Шапка

Најтопло утрово е во Демир Капија, а најстудено на Попова Шапка, покажуваат денешните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи до 8:30 часот.
Еден Целзиусов степен е евидентиран на Попова Шапка, 5 - Маврови Анови, Лазарополе, 6 - Скопје-Петровец, Струмица, Крушево, 7 - Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, 8 - Тетово, Берово, 9 - Охрид, Претор, Прилеп, Велес, 10 - Крива Паланка, 11 - Битола, Виница, 12 - Штип, а 13 Целзиусови степени во Демир Капија.
Изминатите 24 часа до 7 утрово, најмногу дожд, 20 литри на квадратен метар, наврнало во Лазарополе. Потоа следуваат 16 - Маврови Анови, 8 - Попова Шапка, 7 - Пожаране, 6 - Охрид, 3 - Скопје-Зајчев Рид, Претор, 2 - Тетово, 1 - Крушево, Велес.
Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Попладне и кон крајот на денот, поради продор на постудена воздушна маса, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег.
Ќе дува засилен, повремено силен ветер, претпладне од западен, а попладне од северен правец, што наместа ќе надминува брзина од 70 километри на час. Се очекува максималната температура да биде во интервал од 12 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, најавено е променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени.
МИА
Ново на Сител
-

Дотраената водоводна мрежа остави 10 штипски населби 3 дена без вода
-

Хаџи Василева останува предметен обвинител во случајот со судијата Ристов - најавува и поактивно обвинителство
-

Тема на денот со Искра Хаџи Василева, шефица на ОЈО ГОКК
-

Девет полицајци кривично ќе одговараат за непостапување за смртта на Росица Коцева од Велес
-

На новороденче на Гинекологија му отсекле дел од прст при вадење на инфузија
-

Осум месеци затвор за палењето на дипломатските возила
-

Раководител на технолошка компанија во Грција бил мета на терористичката ќелија
-

Нови меѓусебни обвинувања за Алта Банка
