Намален опфат на вакцинација со МРП
Дали повторно ни се заканува епидемија на морбили? Ковид пандемијата значително го намали опфатот на вакцинација со МРП. Наместо посакуваните 95 отсто во 2021 процентот на имунизација со оваа вакцина изнесува 80 отсто.
- Ако рутинската имунизација биде занемарена поради КОВИД-19, последиците ќе се случуваат долго време откако ќе заврши пандемијата, рече Горан Кочински, Стручното техничко лице на СЗО за имунизација.
Министерот за здравство причината за падот на опфатот на вакцинација со МРП го гледа во антиваксерските движења и ќе разговарал со нив. Беким Сали најави дека ќе ги повикуваат родителите со СМС пораки да ги вакцинираат децата иако вакцините од редовниот календар вклучително и МРП се задолжителни и државата преку ДСЗИ може да им поднесе прекршочни пријави на оние кои нема да ги однесат децата во диспанзерите за имунизација.
Во делот на рестриктивните мерки ние не можеме да донесеме одлуки за поединци, но мора да кажеме дека ваквинацијата е задолжителна за секое дете, изјави Беким Сали, министер за здравство.
За шпекулациите дека МРП вакцината е причина за аутизам, од УНИЦЕф велат дека нем анаучна поткрепа за ваквите тврдења.
- Апсолутно нема никаква научна поткрепеност на тврдењата дека вакцинирањето и аутизмот се поврзани. И УНИЦЕФ и другите меѓународни организации потрошија многу пари, средства за да откријат евентуална поврзаност и нема таква поврзаност, рече претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани.
Истото го потврдуваат и од македонскиот комитет за имунизација. Од 46.000 вакцинирани деца со МРП во 2019 година за време на последната епидемија на морбили во земјава кај ниту едно дете не се јавило аутизам.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
