Наместо бадникови поворки - бадникови хумани акции за медицинарите
Божиќни честитки, Бадникови колачиња, свежо овошје и флаширана вода е донацијата од Брегалничката епархија, хуманите граѓани и општината за персоналот и пациентите на инфективното одделение при штипската клиничка болница.
- На докторите од инфективното одделение да им ги честитаме Божикните празници, а на пациентите кои се хоспитализирани овде да им посакаме многу здравје и брзо опоравување, изјави Саѓко Николов - градоначалник на Штип.
- Се надевам дека на ваков начин успеавме барем малку, за миг, да ги развеселиме за време на еден од најголемите христијански празници, Божиќ, изјави Милена Ристова Михајлова - „Бадникова поворка“.
На инфективно се хоспитализирани 48 пациенти и двајца на кожно кои се со полесна клиничка слика. На интензивна нега, на одделот за анестезиологија, има 4 пациенти кои се со потешка клиничка слика.
- За среќа помалку пациенти се примаат на одделението поради тоа што и амбулантата работи со помал број на амбулантски прегледи. За разлика од претходно кога имавме 70-75 пациенти, сега се 35-40 пациенти на дневно ниво, изјави д-р Дијана Шишкова - раководител на Инфективно одделение.
Граѓаните за време на празнувањата покажаа одговорност и дисциплина, а вчера изостана и палењето на коледарските огнови.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар