Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка

Народната банка на Србија донесе одлука за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка од Белград, поради значително влошување на нејзината финансиска состојба и ризици за интересите на штедачите.
Според официјалното соопштение, одлуката била донесена по претходно спроведени контролни активности, чија цел била банката да го зголеми нивото на ликвидност.
Контролите покажале дека финансиската состојба на банката значително се влошила во изминатиот период, а постои и опасност од дополнително влошување на ликвидноста, со што би биле загрозени средствата на клиентите.
Од Народната банка на Србија посочуваат дека одлуката е донесена во согласност со Законот за банки, со цел заштита на штедачите и зачувување на стабилноста на финансискиот систем.
Агенцијата за осигурување депозити, со судска одлука, ќе биде назначена за стечаен управник.
Според најавите, во рок од седум работни дена ќе биде овозможена исплата на осигурените депозити и располагање со средствата на клиентите, во согласност со законските прописи.
АЛТА банка е дел од деловната групација АЛТА, која работи во повеќе сектори во Србија.
Банката е мнозински сопственик на поранешната Стопанска банка Битола, која сега работи под името АЛТА банка АД Битола. Соопштението за одземањето на дозволата за работа е објавено ноќеска, меѓу 2 и 3 часот по полноќ од страна на Народната банка на Србија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
-

Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
-

Од 1 мај ќе се лета од Скопје до Тиват, со автопатот Скопје - Блаце побрз пристап до пристаништето Бар
-

Хакерски напад тежок 6,3 милијарди долари, најголем во историјата на криптовалутите
-

Од полноќ изборен молк за Брвеница
-

СДСМ обвинува за сомнителни банкарски трансфери
-

Народна банка: Сомнителните трансакции ќе бидат предмет на проверки
