НАСА: Група земји потпишаа договор за истражување на вселената

Група од осум земји предводени од САД потпишаа договор со коj се утврдуваат правила за истражување на вселената, објави американската вселенска агенција НАСА.
Во мај, НАСА предизвика глобална дебата за основните принципи на животот и работата на луѓето на Месечината, истакнувајќи ги, како што рекоа, основните правила на идниот меѓународен сојуз за истражување на Месечината, наречена “Artemis Accords”.
Договорите го добија името по програмата на НАСА за слетување астронаути на Месечината до 2024 година, а во вторникот ги потпишаа Австралија, Велика Британија, Канада, Јапонија, Луксембург, Италија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), заедно со САД.
“Artemis Accords” треба да и овозможат на американската агенција со меѓународни партнери да обезбеди услови за одржливо истражување на површината на Месечината до 2028 година, што треба да биде отскочна даска за првата човечка мисија на Марс.
Принципите утврдени во договорите треба да гарантираат прифаќање на правилата за безбедно работење, употреба на вселенски ресурси, минимизирање на отпадот во орбитата на Земјата и размена на научни податоци.
Кина и Русија, истакнати светски сили во истражувањето на вселената, не се меѓу потписниците на договорот, на кој НАСА се надева дека ќе им се придружат и други земји.
„Artemis ќе биде најшироката и најразновидна меѓународна програма на човечко истражување на вселената, а “Artemis Accords” ќе биде средство која ќе ја втемели единствената глобална коалиција“, рече директорот на НАСА, Џим Бриденстин.
„Со денешното потпишување, ние се здружуваме со нашите партнери во истражување на Месечината и воспоставување клучни принципи што ќе создадат безбедна, мирна и просперитетна иднина за целото човештво во вселената“, додаде Бриденстин.
Во НАСА тврдат дека договорите ќе помогнат да се избегнат конфликти во вселената и на Земјата преку зајакнување на разбирањето и борба против погрешните перцепции.
Во септември тие објавија дека ќе им плаќаат на рударските компании за вадење руди и материјали на Месечината, тврдејќи дека плановите нема да го нарушат меѓународниот договор од 1967 година според кој државите не можат да бараат сопственост на небесните тела и вселената.
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
