НАСА и роверот „Љубопитност“ 3.000 дена на Марс
Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА одбележува 3.000 дена откако роверот „Љубопитност“ (Curiosity), слета на Марс, на 6 август 2012 година.
Во чест на настанот, НАСА минатата недела објави тнр. панорамска фотографија од Црвената планета, направена од роверот на 18 ноември 2020 година – 2.946-тиот ден. Снимката се состои од 122 посебни кадри од околината на роверот.
„Љубопитност“ во мигов е на планината Шарп, и бара сознанија околу тоа – зошто Марс се претворил од влажна планета во денешнатта студена пустина. Планината Шарп се издига на 5,5 километри од подножјето на кратерот Гејл, каде што слета роверот во 2012 година.
Деновите на Марс се нешто подолги од оние на Земјата. Еден ден таму е еднаков на еден ден и 40 минути на нашата планета. За околу еден месец, се очекува уште еден ровер на НАСА – „Упорност“, да слета на Марс. Тој ќе има поразлични задачи – ќе бара податоци за можен живот во минатото и ќе собира примероци коишто ќе бидат вратени на Земјата заради испитување.
Ново на Сител
-

Недостига кадар во угостителскиот сектор
-

Штипска Клиничка се конолидира кадровски и финансиски
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
