Македонија
11. October 2026 - 16:53
Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
Домот за стари лица во населбата Даљан во Охрид се доуредува и наскоро се очекува да профункционира.
Станува збор за објект кој години наназад му недостига на градот а кој ќе го подобри квалитетот на животот на пензионерите, ќе ја намали осаменоста и социјалната изолација.
Градоначалникот Пецаков посочи дека објектот, покрај сместувачкиот капацитет за грижа за старите лица, има можност и за болница во рамки на дозволените компатибилни намени.
Неодамна во Охрид беше отворен и Центар за дневен престој на стари лица катче каде меѓусебно се дружат стекнуваат нови знаења и активно учествуваат во животот на локалната заедница.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
