Наставник со пенкало трипати прободел ученик во врат во Словенија
На почетокот на месецот во училиште во Крањ, Словенија, наставник фатил ученик за врат и трипати го избодел со хемиско пенкало. Според словенечките медиуми, момчето е полесно повредено. Управата на училиштето го суспендирала наставникот од настава, а полицијата води истрага.
Од полициската управа Крањ потврдија дека на почетокот намесецот се справиле со напад во едно од основните училишта, но не ги откриваат деталите, како што наведоа, поради заштита на личните податоци, секундарна виктимизација на жртвата и одредбите од Кривичниот законик.
Полициски службеници спроведуваат истражна постапка против едно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело и сите наоди ќе ги пријават до надлежното државно обвинителство, соопштија оттаму.
Ново на Сител
-

СДСМ алармира за опасно задолжување
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
-

СДСМ: 16 милиони евра од тендери
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
-

Преглед на вестите од светот
