НАТО го предупреди Зеленски дека Трамп може да ги запре испораките на оружје

Високи претставници на НАТО го предупредиле украинскиот претседател Володимир Зеленски дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ги загрози испораките на американско оружје за Украина во рамките на програмата PURL доколку тензиите меѓу Вашингтон и Киев не се намалат, објави Блумберг, повикувајќи се на извори во Алијансата.
Според еден од изворите, високи претставници на НАТО се загрижени дека односите меѓу Зеленски и Трамп можеби повеќе нема да бидат поправливи, што би можело да ја загрози способноста на Украина да се брани.
„Претставниците на НАТО ја повикаа Украина да се обиде да ги намали тензиите со САД. Доколку Зеленски не го стори тоа, со оглед на непредвидливоста на Трамп, испораките на американско оружје, кои во голема мера ги финансираат европските земји во рамките на програмата PURL, исто така би можеле да бидат загрозени“, изјави претставникот на алијансата за Блумберг.
Според изворите, европските земји се обидуваат да ги поправат односите со администрацијата на Трамп зад сцената.
Друг извор рече дека засега нема планови европски претставници да патуваат во Вашингтон, иако вакви посети се договорени за време на претходните спорови меѓу Зеленски и Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
