НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош

На самитот на НАТО во Анкара сојузниците ќе и ветат на Украина милијарди евра воена помош, изјавија денеска извори за германската ДПА
На состанок во Брисел амбасадорите на 32 земји-членки ја поддржаа ваквата иницијатива, а планот е НАТО во следните две години да издвои по 70 милијарди евра годишно за вооружување и обука на украински војници, вкупно 140 милијарди евра.
Во него , меѓутоа, е вклучен и заемот на ЕУ за Украина од 60 милијарди евра за 2026 и 2027 година Ова значи дека сојузниците ќе мора да покриваат 40 милијарди евра годишно од своите национални буџети, пренесува ДПА.
Се очекува лидерите на НАТО официјално да го одобрат планот за пет дена во Анкара Најголемиот дел од парите ќе бидат обезбедени од европските членки и Канада, откако САД ја намалија финансиската помош за Украина под водство на претседателот Доналд Трамп
Германија веќе претходно објави дека во 2026 година има намера да ѝ помогне на Украина со 11,5 милијарди евра
Во последните месеци, НАТО му помага на Киев преку програмата наречена Список на приоритетни потреби за Украина, позната под кратенката PURL
Програмата функционира така што САД продаваат оружје и муниција на европските сојузници и Канада, кои потоа ги пренесуваат на Украина
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
