Научно-стручна расправа за Предлог-законот за помилување

Научно-стручна расправа по Предлог-законот за помилување ќе се одржи денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Организаторите на расправата, Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (ЗКПКМ) и Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, најавија дека на расправата ќе се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за правда Игор Филков, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје Сашо Георгиевски и претседателката на ЗКПКМ Александра Груевска-Дракулевски.
Здружението посочува дека целта на Предлог-законот за помилување е да воспостави јасна, транспарентна и временски ограничена постапка.
- Една од најзначајните измени во Предлог-законот е дека Претседателот може да даде помилување само за санкцијата, но не и за кривичното гонење на поименично определени лица, односно се укинува аболицијата. Мошне значајни се и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување. Во таа насока, предвидени се кратки рокови за секоја од институциите што се вклучени во постапката за помилување, се вели во најавата.
Од научно-стручната расправа се очекува да произлезат заклучоци што ќе бидат доставени до Министерството за правда во насока на унапредување на текстот на Предлог-законот.
Предлог Законот за помилување е објавен на ЕНЕР на 30 декември 2025 година.
Ново на Сител
-

Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
-

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за 965 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
