-->
-->
НБА: Мемфис го суспендираше Морант поради несоодветни коментари
-->

НБА лигашот Мемфис му изрече суспензија од еден натпревар на својот најдобар играч, Џа Морант, поради несоодветни коментари по поразот од Лос Анџелес Лејкерс со 112-117.
Морант одигра многу слаб натпревар против Лејкерс, постигнувајќи само осум поени со шут од 3-14, вклучувајќи 0-6 од зад линијата за три поени, а кога го прашаа што се случило за време на натпреварот, тој одговори: „Прашајте го тренерскиот персонал.“
Откако го повтори истиот одговор неколку пати, уследи новинарско прашањето што требало да се направи поинаку за да се добие натпреварот.
„Искрено, според нив, најдобро ќе беше воопшто да не играв. Тоа беше во основа пораката по натпреварот. Одлично.“, изјави Морант.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
-

ПИОМ по ревизорскиот извештај – Редовноста на пензиите не е доведена во прашање
