НБА: Оклахома поведе со 3-0, втори победи на ЛА Клиперс и Њујорк

Лос Анџелес Клиперс поведе со 2-1 против Денвер во првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА лигата, откако триумфираше изминатата ноќ на домашен терен со 117-83.
Кавај Ленард ги предводеше Клиперси до победата со 21 поени, 11 скокови и шест асистенции, додека најдобар поединец во редовите на Денвер беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ кој запиша трипл – дабл, со 23 поени, 13 скокови и 13 асистенции. Четвртиот натпревар се игра ноќта меѓу сабота и недела, повторно на теренот на ЛА Клиперс.
Кошаркарите на Њујорк поведоа со 2:1 против Детроит во првото коло од плејофот, триумфирајќи на гостински терен со 118:116
Најефикасни во дресот на Њујорк беа Карл-Ентони Таунс со 31 и Џален Брансон со 30 поени. Четвртиот натпревар е на програмата ноќта меѓу сабота и недела, а домаќин е Детроит.
Кошаркарите на Оклахома поведоа со 3:0 против Мемфис, откако на гостински терен победија со 114:108, предводени од Шеј Гилџес-Александар кој го заврши натпреварот со 31 поени. Четвртиот натпревар се игра во сабота, а домаќин е Мемфис.
Ново на Сител
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
-

Наводи за мобинг во кумановскиот суд - Судскиот совет ја прифати претставката
-

Рокот на спорните серии на БСЖ во Македонија истекол во јуни годинава - нема ниедна несакана реакција
