-->
-->
Не ја затворил ниту вратата од автомобилот – 44-годишник со 2,78 промили алкохол во крвта уапсен во Кочани
-->
44-годишен маж од селото Оризари, кочанско, бил уапсен откако полицијата го затекнала како управува автомобил со отворена врата, а при контролата било утврдено дека возел под дејство на алкохол.
Како што информираат од СВР Штип, случајот бил регистриран денеска (29 октомври), пет минути по полноќ, во Кочани.
Возачот Г.Ј. управувал автомобил „рено“ со кочански регистарски ознаки, при што вратата на возилото била отворена. По преземените мерки, полициските службеници утврдиле дека имал дури 2,78 промили алкохол во организмот.
44-годишникот бил лишен од слобода, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
