Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари

Министерството за одбрана доцна синоќа во дневниот биланс објави дека во текот на вчерашниот ден избувнале 21 пожар, од кои 11 се активни, 5 се под надзор, а исто толку се изгаснати.
-Стотици оперативни сили, противпожарни возила и персонал на вооружените сили се ангажирани на терен, додека операциите се поддржани и од хеликоптери и авиони за гаснење на пламените јазици. Ситуацијата е особено проблематична во некои области на Фиер, Скадар, Мат и Дајти, стои во соопштението.
Во гаснењето на огнените стихии биле вклучени 587 локални оперативни сили, 52 противпожарни возила, како и 550 припадници на армијата и 7 армиски противпожарни возила. Воздушна поддршка била обезбедена од 4 хеликоптери и 1 авион „Ер Трактор“.
Националната агенција за цивилна заштита (AKMC) продолжува континуирано да ја следи ситуацијата низ целата земја, во тесна координација со префектурите, општините и сите структури на системот за цивилна заштита.
„Оперативните капацитети остануваат ангажирани на терен и подготвени да интервенираат таму каде што ситуацијата бара, со приоритет даден на заштитата на животите, домовите и имотот на граѓаните“, пишува Министерството за одбрана.
МИА
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
