Недоволна транспарентност во јавните набавки во струмичките општини
Водењето на јавните набавки во две од вкупно три општински јавни претпријатија во Струмица не е доволно транспарентно, ваков е заклучокот на центарот за истражување и анализи Новус кој во изминатите пет месеци го следел процесот на водење, планирање и реализирање на јавните набавки во општината, но и трите претпријатија формирани од неа. Предмет на анализа биле набавките планирани и склучени во текот на 2021 година. Во истражувањето е користена меѓународна методологија со 18 индикатори кои покажале дека јавните набавки во најголем дел се водат рамки на националниот просек, но и над него. Најголеми отстапки се констатирани во делот на транспарентноста но и планирањето.
Истражувањето е спроведено во рамки на проектот Заштита од корупција кој се реализира со финансиска поддршка на амбасадата на Кралството Холандија, а ќе трае три години.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар