-->
-->
Неизвесен е настапот на Ѓоковиќ на Мастерсот во Париз
-->

Првиот настап на Мастерсот во Париз српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го има утре (вторник) како трет последен меч на Централниот терен. Негов ривал треба да биде Валентан Вашеро, кој на турнирот доаѓа со титулата освоена во неделата на турнир во Базел.
Сепак фотографиите од последниот тренинг се загрижувачки за навивачите на српскиот тенисер бидејќи се гледа дека има одредени проблеми со грбот. Од социјалните мрежи било забележливо дека нешто не е во ред со Ѓоковиќ, а морал да реагира и неговиот физиотерапевт.
Не е јасно дали утре Ѓоковиќ ќе се појави на теренот, а можно во текот на утрешниот ден да ја донесе и одлуката за настап на Мастерсот во Париз.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
-

Студенти по архитектура изработија идејни решенија за мултимедијален центар во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
