Некогаш една од најопасните земји во светот, денес Ел Салвадор побезбедна дестинација за патување од Шведска

Ел Салвадор, земја која некогаш важеше за една од најопасните во светот поради високата стапка на убиства и насилството на криминалните банди, денес има подобра безбедносна оценка за патување од Шведска, според официјалните препораки на американскиот Стејт департмент.
Американските власти го класифицираат Ел Салвадор во првото ниво на безбедност, што претставува најниско ниво на предупредување и подразбира вообичаени мерки на претпазливост при патување.
Од друга страна, Шведска се наоѓа во второто ниво, при што американските граѓани се советуваат на зголемена претпазливост поради потенцијална опасност од тероризам.
Драстичното подобрување на безбедносната состојба во Ел Салвадор се поврзува со строгите мерки против организираниот криминал што ги спроведува претседателот Најиб Букеле.
Според податоците на Обвинителството на Ел Салвадор, во 2015 година земјата имала околу 105 убиства на 100.000 жители, додека во 2025 година стапката се намалила на само 1,3 убиства на 100.000 жители. Во текот на целата 2025 година официјално биле регистрирани 82 убиства.
Сепак, политиките на Букеле се предмет на критики од организациите за човекови права. Хјуман рајтс воч предупредува на масовни произволни апсења, прекршување на правата на притворениците и продолжување на вонредната состојба воведена во 2022 година.
Организацијата, исто така, посочува дека ограничениот пристап до податоците и промените во начинот на евидентирање на убиствата ја отежнуваат независната проверка на официјалната статистика.
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
