Нема да се активира условната казна за Боро Стојчев
Кривичниот совет на струмичкиот суд не го прифати предлогот за отповикување на условната казана за градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев за кривично дело за кое во 2015 година бил осуден условно на две години затвор доколку не го повтори делото следните четири. Од судот информираа дека предлогот на обвинителството бил отфрлен како недозволен. Причината била непостоење посебна постапка за отповикување за ново дело. Тоа можело да се направи само за време на постапката која се водеше против него за кривичното дело криумчарење за кое Стојчев од струмичкиот суд беше осуден на 18 месеци затвор, а по жалбата од страна на неговата одбрана апелациониот суд во Штип му ја намали казната на шест месеци.
На ваквата одлука на судот во Струмица обвинителството има право на жалба до второстепениот суд во рок од три дена. Во меѓувреме Стојчев си поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. Во писмената изјава до советот на општината Стојчев навел дека оставката ја поднесува од морални причини.
Тој во јули годинава во близина на див граничен премин на македонско бугарската граница од страна на полицијата беше фатен во обид за шверц на цигари. Во акцијата беше запленета поголема количина цигари во вредност од над 3 милиони денари.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
