Македонија
9. December 2020 - 12:25

Нема интерес меѓу позитивните и изолираните за штипските локални избори

Екстремно слаб интерес за гласање на предверемените избори за градоначалник пројавиле штипјани кои во моментот се позитивни на Ковид 19 или се во изолација. Овие граѓани можеа да аплицираат по електронски пат до ОИК до петок на полноќ.

Во Штип во моментот има 507 активни случаи и над 1000 граѓани во изолација, што значи дека само околу 0,8 % од нив пројавиле интерес да го искористат своето гласачко право во петок на 11-ти декември. За успешен изборен процес потребно е да гласа една третина од електоратот, што во конкретниот случај изнесува нешто повеќе од 13 000 избирачи. Во сабота ќе гласаат болните и изнемоштените. 

- Добиени се 68 апликации, од кои одобрени се 66, а две се одбиени поради не соодветна медицинска документација- додаде Андреева

Во штипскиот затвор 67 лица ќе можат да гласаат, а за оние осудени лица од општина Штип, кои издржуваат затворска казна во други казнено поправни установи во земјава формирани се 5 избирачки одбори.

Изборната кампања завршува во четврток на полноќ, по што следува скоро 3 дневен изборен молк.