Нема напредок по состанокот во Софија на македонско-бугарската Историска комисија
Во Софија деновиве се одржа нова работна средба на членовите на мешовитата македонско-бугарска историска комисија. Првпат по основањето на оваа комисија во 2017 година и македонската и бугарската јавност немаат информации што се случило.
По средбата досега секогаш имаше или соопштенија за јавноста или изјави на претседателите на комисијата или информации од министерствата за надворешни работи на двете земји. Но, овојпат тоа изостана.
Извори од комисијата, за Сител велат дека немало информации за како што велат претходно договорената средба, причината е едноставна. Макеоднските и бугарските историчари не постигнале никаков напредок во однос на учебниците по историја кои ќе се користат во двете држави.
Досега оваа комисија ги усогласи препораките за заедничко одбележување на Св. Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и цар Самоил, како и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Македонија што се однесуваат на периодот на антиката.
Се усогласуваат отворените прашања за Охридската архиепископија, за Гоце Делчев, за Илинденското востание.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
