Несоодветните политички решенија допринесоа по векови постоење денес да го браниме македонскиот јазик
Мешањето на политиката и несоодветните решенија допринесоа денес да се правдаме и да го браниме македонскиот јазик. Новиот закон е чекор напред но академската фела смета дека треба се донесе единствен закон за јазиците со кој македонскиот ќе се гарантира со задолжителното изучување и институционалната примена. Статусот на македонскито јазик во последните години е загрозен и далеку од она како треба да биде заштитен по принципот на сите европски држави.
- Да се уредат сите тие односи особено во однос на едукација, подобро финансирање и стимулирање на кадри. Мерки за да заличиме на европсак држава во таа смисла. Кога станува збор з амаке кој припаѓа на групата словенски никогашне бил спорен. Вековна милениумска традиција. Мислам дека е дозволено допуштено од наша страна дипломатски да се проблематизира континуитетот идентитето потеклото на мамедонскиот јазик без аргументација и спротивно на општо прифатените практики кога станува збор за јазик на една држава.
Претседателот Пендаровски кој одликуваше шестмина македонисти со медал за заслуги порача дека токму влогот во научната и академска мисија е клучен за афирмација на македонскиот јазик.
- Научната дејност бара храбро спротивставување на непринципиелните и ненаучни притисоци. Затоа сум длабоко уверен дека овие медали за заслуги би можеле да ги сметаме и за медали за храброст. Делото на секој од овие шестмина македонисти ја зголемува нашата одговорност да го чуваме македонскиот јазик. Тоа подразбира активна поддршка на домашните и меѓународните научни истражувања и проекти во сите области поврзани со македонскиот јазик и неговите дијалекти. Да вложуваме во македонскиот образовен систем, во студиите, катедрите, лекторатите и издаваштвото, да вложуваме во македонистите во земјава и во странство, особено преку Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Со медал за заслуги беа закитени Златко Крамариќ, Зузана Тополињска, Јоуко Линдстет и постхумно за дејноста на Јежи Русек, Кшиштоф Вроцлавски и Далибор Брозовиќ.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
