Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“

Студентите ја запушија канализацијата по само две недели откако се вселија во реновинираниот студентски дом Стив Наумов. Фрлале влажни марамчиња и други неразградливи отпадоци кои направиле проблем во одводната цевка. По интервенција на ЈП ВОдовод и Каналузација проблемот е саниран и тоалетите се во функција извести министерката за образование и наука.
Јаневска апелираше за одговорност кај студентите станари и на својот фб профил објави видео и фотографии на кои се гледа како во одводната шахта се заглавени марамиците поради кои дошло до проблемот.
-Обезбедивме најсовремени услови за престој на студентите во студентскиот дом „Стив Наумов“. Но, за тие услови да останат такви, неопходна е одговорност, совесност и грижа од сите што го користат домот.Реконструираниот дом е капитална инвестиција, во која се вложени многу труд, време и средства. Тоа е инвестиција за студентите денес, но и за многу генерации што допрва ќе престојуваат во него.Затоа, апелираме до сите студенти да се однесуваат одговорно, да го чуваат домот и заедничките простории. Да покажат почит кон јавните добра. Напиша Јаневска на ФБ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
