Македонија
5. August 2025 - 12:12

Несовесните гости во македонскиот туристички бисер зад себе оставаат купишта ѓубре

Охрид деновиве затрупан со ѓубре. Несовесните гости во македонскиот туристички бисер, зад себе оставаат купишта ѓубре расфрлани шишиња, пластични кеси, опаковки од храна на најфреквентните места во центарот на градот, онаму каде се одржуваат концертите, сендвичарите, околу плажите ова е сликата која го нагрдува градот. Охриѓани револтирани на социјалните мрежи споделуваат фотографии од најразличен отпад.

Од локалната со апел до охриѓани и туристите на поголема еколошка свест да се почитува комуналниот ред и динамиката на подигнување отпад.

Мобилните тимови на јавните претпријатија во екот на сезоната 24 часа се на терен ги чистат депониите но веднаш следниот ден никнуваат нови иако се организираат бројни еколошки акции несовесните граѓани насекаде низ градот зад себе оставаат најразличен отпад.