Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе одржи телефонски разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Кир Стармер, по воздушниот напад што Израел го изврши врз Иран, соопшти неговиот кабинет.
Разговорот со Трамп е најавен пред 18:00 часот по израелско време (17 по македонско), пренесе весникот Тајмс оф Израел. Претходно денеска, Нетанјаху веќе разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц и индискиот премиер Нарендра Моди.
„Лидерите покажаа разбирање за потребата на Израел да се брани од иранските закани за уништување. Премиерот нагласи дека ќе остане во контакт со нив и во наредните денови“, стои во соопштението.
Израелската армија синоќа започна воздушна операција против ирански цели, при што, според Тел Авив, биле гаѓани нуклеарни постројки, фабрики за балистички ракети и воени команданти, со цел да се спречи Иран во развој на нуклеарно оружје.
Ново на Сител
-
Пратени писмата кон 22 потенцијални кредитори за финансирање на брзата пруга
-
Владата наскоро со мерки против високите цени
-
Мицкоски: Бугарија да прифати средба во ХАГ
-
Шведски тим од социјални работници и пожарникари се солидаризира за кочанчани
-
Прилепското поле месец и половина без капка вода поради дефект на хидросистемот
-
Ротари клубот Струмица донираше медицинска опрема за одделението за педијатрија во струмичката болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ